Please turn JavaScript on
Денови.мк - Православен календар icon

Денови.мк - Православен календар

Is this your feed? Claim it!

Publisher:  Unclaimed!
Message frequency:  2.14 / day

Message History

Макариј (Иванов), јеромонах, (1788-1860) – ученик и соподвижник на старецот Лав, по чија смрт остана духовно да раководи со манастирот. Главната добродетел на која ги воспитуваше луѓето беше смирението, кое го сметаше за основа на христијанскиот живот. Го започна изданието на светоотечките списи на руски јазик, дело што ги обедини најдобрите духовни и интелектуални сили во Ру...


Read full story

Преподобната Касијана живееше во 9 век, во Цариград, во времето на иконоборецот цар Теофил. Потекнуваше од видно семејство и се имаше стекнато со високо образование. Основа манастир во Цариград каде што стана игуманија, по вдахновение од нејзниот духовен отец, светиот Теодор Студит. Од царот иконоборец претрпе прогони и камшикување, поради тоа што не сакаше да молчи и да не з...


Read full story

Син на сенаторот Дионисиј. Беше жестоко мачен за Христа, со биење и стружење, па потоа полумртов фрлен во затвор. Му се јави Ангел Божји и го исцели. Штом беше пуштен од затвор, тој го раздаде сиот свој имот: нешто на сиромасите, а нешто на своите клеветници. Повторно го фатија и го стружеа додека не Му ја предаде својата душа на Господа. Од неговите рани наместо крв потече м...


Read full story

Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во сè го држеше Божјиот закон и ги поучуваше своите врсници и другари во благочестието. Преку некое видение дозна дека ќе треба маченички да пострада за Христа. Во тоа време имаше големо гонење на христијаните во блискиот град Помпеопол од страна на некој Максимијан, управител киликиски. Во градот имаше некој златен идол на кого незнабошците ...


Read full story

Кога царот Трајан војуваше на Исток, нареди да се пребројат христијаните во неговата војска. И се најде дека во војската на царот има единаесет илјади христијани. Тогаш царот нареди сите да ги отпуштат од војската и да ги пратат во Ерменија. Свети Ромил беше началник на царевиот дом. Излезе пред царот и го укори за оваа постапка, објавувајќи се и себеси како христијанин. Царо...


Read full story